вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

300.000 евра во пламен: Се запали Ламборџини, “ѕверот“ го снема за неколку минути (ВИДЕО)

300.000 евра во пламен: Се запали Ламборџини, “ѕверот“ го снема за неколку минути (ВИДЕО)

Во центарот на Бостон се запали Lamborghini Huracan Performante, а несекојдневниот настан привлече бројни минувачи, кои немо гледаа како само за неколку минути изгоре луксузниот автомобил.

Инцидентот, во кој нема повредени се случи во петокот попладне на улица во близина на јавната библиотека во Бостон. Луксузниот автомобил, вреден над 300.000 долари изгоре за неколку минути и покрај интервенцијата на пожарникарите.

Тие допонително го оштетија автомобилот, зашто го расекоа за да проверат дали внатре тлее оган.

Летово во САД се самозапали уште еден Ламборџини од истата серија и тоа на бензинска пумпа.

Моделот Huracan Performante  дебитираше на саемот за автомобили во Женева во 2017 година. Автомобилот за погон користи 5,2 литарски V10 мотор со 631кс и 600 Нм момент на вртење, со што од 0-100 километри на час постигнува за само 2,9 секунди.

Почетната цена на овој автомобил во САД е 274.390 долари.