Актер загина откако врз него падна дел од сценографија во Бољшој театарот во Москва, јавија руски медиуми повикувајќи се на извори од службата за итни случаи.
„Дел од сценографијата се урна на сцената за време на операта Садко и притоа загина 37-годишен актер“, потврди извор од руската служба за итни случаи.
Според тој извор, операта била прекината веднаш по инцидентот, а на местото била повикана полиција и брза помош.