вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абас апелира јужноамериканските држави да не ги дислоцираат амбасадите во Ерусалим

Абас апелира јужноамериканските држави да не ги дислоцираат амбасадите во Ерусалим

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Венецуела, упати апел до земјите од Јужна Америка да не ги дислоцираат амбасадите од Тел Авив во Ерусалим, по примерот на САД.

– Се надевам дека некои земји од американскиот континент нема да ги преместат амбасадите во Ерусалим, бидејќи тоа е спротивно на меѓународните закони, истакна Абас на средбата со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Абас му се заблагодари на Мадуро што нема да го признае Ерусалим за главен град на Израел и нема да ја премести Амбасадата од Тел Авив.

Мадуро одлуката на САД за дислоцирање на Амбасадата и признавањето на Ерусалим за главен град на Израел го оцени како „неприродно“.

Абас наведе дека Палестинците се заинтересирани за сериозни преговори со Израел, засновани на меѓународното право, со цел Палестина да биде примена како полноправна земја членка во Обединети нации.

Двајцата лидери се договорија и за создавање Фонд за развој на народите на двете држави. Фондот ќе има 20 милиони во венецуелската крипто валута – петро.

Тоа е четврта посета на Абас на Венецуела.

(Миа)