петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абе: Безбедноста на Јапонија не е нарушена

Абе: Безбедноста на Јапонија не е нарушена

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека безбедноста на Јапонија не е загрозена, откако денеска Северна Кореја испука балистички ракети со краток дострел. Тој додаде дека Токио работи со сојузници за решавање на ситуацијата во регионот.

-Ќе продолжиме тесно да соработуваме со САД и другите земји, рече Абе.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ниту еден истрелен балистички проектил  не стигнал до територијата на Јапонија ниту до ексклузивната економска зона на земјата. 

МИА