Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска положи венец на воен споменик во австралискиот град Дарвин и стана првиот јапонски лидер што го посетува градот кој бил бомбардиран од Јапонија во Втората светска војна.
Кенотафот во Дарвин гледа кон пристаништето каде во 1942 година стотици јапонски бомбардери извршиле напади врз северниот австралиски град, при што се убиени околу 240 лица.
Австралискиот премиер Скот Морисон, кој заедно со Абе положи венец пред споменикот, посетата на јапонскиот премиер ја нарече „длабоко симболична“.
– Го направивте тоа како голем пријател на Австралија и ние ви благодариме, рече Морисон по церемонијата.
Абе утре ќе им оддаде почит на Јапонците кои загинале во Војната, и ќе посети споменик на 80-член екипаж на јапонска подморница, потопена во близина на Дарвин во јануари 1942 година.
МИА