сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абе ќе биде одликуван со Висок орден хризантема

Абе ќе биде одликуван со Висок орден хризантема

Јапонската Влада денеска одлучи да го одликува поранешниот премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен во петокот, со Висок орден хризантема, највисоката почест во земјата.

Според соопштението на Владата, Абе ќе биде четвртиот поранешен премиер што ќе ја добие наградата според повоениот Устав на Јапонија, по Шигеру Јошида, Еисаку Сато и Јасухиро Накасоне.

Абе на 8 јули почина во болница откако беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара од страна поранешниот припадник на јапонската морнарица, 41-годишниот Тецуја Јамагами.