Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека Северна Кореја продолжува со провокациите што е апсолутно неприфатливо.
– Не е претерување ако се каже дека безбедносното опкружување на Јапонија е на најниско ниво од Втората светска војна, посочи Абе.
Тој додаде дека ќе се обиде да го реши севернокорејското нуклеарно и ракетно прашање со зголемување на притисокот врз Пјонгјанг и заедно со меѓународната заедница.