Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право.
Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително ограничен во најмалку 13 држави.
Тенеси, Тексас и Ајдахо, каде на власт се републиканци, се придружија во низата држави што донесоа привремени забрани.
Одлуката предизвика политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември. (МИА)