понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абрамович го доби најзначајниот спор – докажа дека не е шпион на Путин!

Абрамович го доби најзначајниот спор – докажа дека не е шпион на Путин!

Рускиот олигарх и газда на лондонски Челси, Роман Абрамович, кој неодамна доби и португалско државјанство после руското и израелското го доби најзначајниот спор против американска издавачка куќа, чие издание на една книга тврдеше дека тој е руски шпион кој работи за претседателот на Русија, Владимир Путин.

Една од петте најголеми издавачки куќи во САД, „Харпер Колинс“ објави книга во која се тврдеше дека Абрамович е пратен во Лондон по наредба на Путин и дека е шпион на рускиот претседател, а плус и дека Путин му наредил да го купи лондонски Челси во 2003 година по што „сините“ станаа европски гигант освојувајќи притоа во оваа ера на Абрамович – две европски титули.

После правна битка, американската компанија упати извинување до Абрамович, потврдувајчи дека е постигната спогодба и договор, според која освен јавно извинување, во следните изданија на спорната книга ќе биде исправен делот во кој се тврди дека рускиот олигарх е шпион, а паричната казна ќе ја уплатат во хуманитарни цели.

Портпаролот на Абрамович објави дека „се задоволни од исходот на овој спор со кој беше нарушен угледот на бизнисменот, тежок над 14 милијарди евра“, дополнувајќи дека со ова се „докажува дека обвинувањата биле измислици и лаги и дека сѐ што е напишано не се темели на ниту еден доказ“.

Спорната книга на британската новинарка Кетрин Белтон под наслов „Луѓето на Путин“, која е објавена во 2020 година, во еден дел беше потенцирано дека Путин му наредил на Абрамович да го купи Челси, темелејќи се на сведочења на други луѓе, Руси кои пребегале на Западот.

Поради шпионската афера пред неколку години со двојниот агент Сергеј Скрипал и неговото труење, политичките односи на Велика Британија и Западот со Русија дополнително се затегнаа, по што Абрамович во последните две години не може да дојде во Лондон, зашто властите не сака да му ја продолжат визата, па Челси сега го води од сенка, а негов главен играч е Марија Грановскаја, претседателката на лондонските „сини“.