петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аеродромите во Лондон ги откажуваат или одложуваат летовите поради лошото време

Аеродромите во Лондон ги откажуваат или одложуваат летовите поради лошото време

Сите летови се откажани на лондонскиот аеродром Станстед откако писата е затворена поради лошото време. Од аеродромот вчера соопштија дека неговата единствена писта е затворена, за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се откажани.

Аеродромите Хитроу и Гетвик исто така ги откажаа или одложија летовите откако снег, замрзнат дожд и магла ја зафатија Велика Британија.

Повеќе од 50 летови се откажани на Хитроу вчера, откако магла доведе до ограничување од страна на контролата на воздушниот сообраќај во поглед на број на авиони кои можат да слетаат и полетаат во текот на еден час.

Жолт метео аларм и денеска е на сила за Шкотска, Лондон и југозападна Англија. Возовите исто така доцнат, а на возачите во овие делови од Велика Британија им е издадено предупредување да бидат дополнително внимателни по неколкуте сообраќајни несреќи на патиштата.