недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аеродромот Братислава заработува како паркинг за авиони

Аеродромот Братислава заработува како паркинг за авиони

Аеродромот во Братислава промовира нов деловен модел за време на кризата со коронавирусот, кога бројот на патнички летови е сведен на минимум.

На овој аеродром во моментов се приземјени 72 авиони од типот „Бомбардиер“ на „Еуровингс“, „AУA“ и другите авио-компании, за шпо аеродромот наплаќа паркирање.

Поради ниските трошоци и компанијата ќерка на австриската авио-компанија „AУA техника“ е преместена во Братислава, каде околу 300 вработени ги одржуваат авионите од типот „Даш“.

Во моментов, 15 авиони на „Еуровингс“ и четири авиони на „AУA“ се наоѓаат на аеродромот во Братислава, а австриската компанија има намера таму да ги пренесе сите 17 авиони „Даш“.