Африканска свинска чума е регистрирана во 294 села во 18 романски области, и утврдени се 1.124 жаришта на болеста.
Ова вчера го соопштија претставници на Националната санитарно- ветеринарна служба кои ги цитира електронското издание на весникот „Романија Либера“.
Според податоците од Националната санитарно-ветеринарна служба, африканска свинска чума е утврдена во 16 свињарски фарми и кај 300 диви прасиња. Досега се убиени вкупно 361.719 свињи кои биле погодени од болеста.
Санитарно-ветеринарната служба, исто така, соопшти дека до сега се уништени шест жарипта во областа Сату Маре (северозападна Романија) и единственото жариште во областа Дамбовицата, во јужниот дел на земјата.
Првиот случај на африканска свинска чума во Романија беше регистриран на 31 јули 2017 година во округот Сату Маре.