Добитникот на овогодишната Нобелова награда за мир, премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска изјави дека неговите застрашувачки искуства како млад етиописки војник ја зацврстила неговата одлучност да се обиде да го прекине долготрајниот судир со соседната држава, Еритреја.
Тој говорејќи во Градското собрание на Осло на церемонијата за прием на наградата посочи дека „војната е олицетворение на пеколот за сите кои се вклучени во неа“.
Ахмед пред 20 години беше радио оператор во единица на етиописката војска во пограничниот град Бадам.
– На кратко излегов од ровот во надеж да пронајдам добар прием за антената… Ми требаа само неколку минути. Сепак, по моето враќање во ровот, бев преплашен кога открив дека целата моја единици е елиминирана во артилериски напад, посочи премиерот на Етиопија.
Ахмед во октомври доби Нобелова награда за мир поради мировните напори со кои заврши дведецениското непријателство со Еритереја.