сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ајфеловата кула повторно ќе биде отворена на 25 јуни

Ајфеловата кула повторно ќе биде отворена на 25 јуни

Ајфеловата кула ќе биде отворена за посетители на 25 јуни со почитување на санитарните мерки, јави дописникот на МИА.

Од 25 јуни лифотвите нема да функционираат во текот на една недела, а само првиот и вториот кат ќе бидат достапни за посетители кои ќе може да дојдат до нив само со искачување на скалите.

Врвот на кулата ќе биде затворен до средината на јули.

Секои два часа ќе се врши дезинфекција на местата што се во директен контакт со раце на посетителите, а носењето на маската е задолжително.

Според дирекцијата на Ајфеловата кула, веќе пристигнале околу 2.000 резервации, од кои 90 отсто се од Французи, а другите 10 отсто од странци, главно Германци. Затворањето на кулата за гости предизвика загуба од девет милиони евра месечно.