вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ако пиете алкохол на улица во овој град, ќе треба да платите казна од 350 евра

Ако пиете алкохол на улица во овој град, ќе треба да платите казна од 350 евра

Граѓаните и посетителите на Брисел нема да можат да пијат алкохол во центарот на главниот град на Белгија во периодот од 1-ви февруари до 1-ви август наредната година.

Забраната нема да се однесува на терасите на кафулината и настаните на отворено.

Мерката е временски ограничена и ќе биде укината шест месеци по стапување во сила. По тој период ќе биде извршена проценка на ефектите од забраната на конзимирање алкохол во центарот на Брисел.

За прекршок на забраната е предвидена казна од 350 евра.

Брисел не е првиот град кој воведува таква забрана. Во Мадрид, Даблин и Рим се поголеми казните за пиење алкохол на отворено, додека во Берлин, Копенхаген и Лисабон се уште не се практикуваат такви мерки.  (МИА)