Турски истражувачки тим пронашол траги од флуроводородна киселина и други хемикалии во бунарот во резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, изјавил за Ал џезира извор од Канцеларијата на главниот турски обвинител.
Изворот навел дека убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги ги раствориле деловите од телото на убиениот во киселина во една од собите на куќата во која живеел генералниот конзул Мухамед ал Отаиби.
Минатата недела советник на турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган изјави дека тимот кој го уби саудискиот новинар во Конзулатот во Истанбул на 2 октомври, ги отсекол деловите од неговото тело за полесно да го уништат
Висок турски функционер, исто така потврди за Ал Џезира дека телото на Кашоги било исечено и растворено во киселина.