Шефот на катарската дипломатија шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани изјави дека одлуката на талибанците да им забранат учење на девојчињата во Авганистан е „многу разочарувачка“ и „чекор назад“ и го повика раководството на движењето да гледа кон Доха како на пример за воспоставување на исламски систем.
Министерот Ал Тани, на заедничката прес -конференција со негов иот колега од ЕУ, Жозеп Борел, во Доха, меѓудругото, зборуваше и за одбивањето на талибанците да им дозволат на ученичките во средните училишта да го продолжат своето образование, неколку недели откако групата ја презеде владата. во Авганистан.
-Разочарувачки е да се види дека се прават чекори назад, рече тој.
Доха беше клучен посредник во неодамнешното повлекување на американските сили од Авганистан и помогна во евакуација на илјадници странци и Авганистанци.
-Мораме да го продолжиме ангажманот и да им кажеме да не донесуваат такви одлуки. Исто така, се обидуваме нма талибанците да им демонстрираме како муслиманските земји можат да ги спроведат своите закони и да се носат со проблемите на жените, рече Ал Тани.
„Еден од примерите е Катар, која е муслиманска држава. Нашиот систем е исламски, но кога зборуваме за работна сила, имаме повеќе жени отколку мажи, и во владата и во високото образование“, додаде тој.
Талибанците го следат екстремното толкување на исламските закони кои ги одделуваат мажите од жените и го ограничуваат пристапот на жените до работа.
Пред две недели, Талибанците им забранија на девојчињата да посетуваат средни училишта, а изминатите денови избија протести на жените ширум Авганистан.