Поранешниот министер за финансии и гувернер на Централната банка на Алжир, Мохамед Лукал денеска е осуден на седум години затвор поради корупција, јавија локалните медиуми.
Лукал, кој ги извршуваше тие функции под претседателството на покојниот Абделазиз Бутефлика, беше принуден да поднесе оставка во 2019 година.
Тој беше осуден за кривични дела корупција кога беше генерален директор на Надворешната банка на Алжир (БЕА).
Судот нареди и конфискација на целиот имот и недвижен имот на поранешниот министер, кој беше гонет за злоупотреба на службената положба, трошење јавни средства и фаворизирање, особено во врска со договорите склучени со консултантската куќа „Делојт“.
По оставката на Бутефлика и неговата смрт во 2021 година, алжирското правосудство покрена обвиненија против неколку десетици политичари и бизнисмени за корупција. (МИА)