Компанијата „Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица од страна на полицијата за една година.
Овој гигант е последен во низата компании кои забранија употреба на вакви системи и кои се соочуваат со критики за погрешно идентификување на луѓе со потемна боја на кожата.
Активистите за заштита на човековите права и вработените во „Амазон“ извршија притисок врз раководството на компанијата да престане да ја продава технологијата за препознавање лица под името „Рекогнишн“ (Rekognition) на владините агенции, бидејќи може да се употреби за нарушување на приватноста на луѓето и таргетирање на малцинствата.
Компанијата соопшти дека се надева дека Конгресот ќе воведе построги правила во врска со употребата на оваа технологија.