среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Америка на раб на страшна снежна бура: Луѓето во паника опустошија продавници, многу места поплавени (ФОТО)

Америка на раб на страшна снежна бура: Луѓето во паника опустошија продавници, многу места поплавени (ФОТО)

Источниот брег на САД од утринава го зафати големо снежно невреме кое за прв пат по четири години го зафати овој регион.

Невремето ќе се протега од Јужна Каролина сè до Мејн, а покрај снежната бура ќе донесе и урагански ветрови во крајбрежните делови. Пет американски држави прогласија вонредна состојба, јавува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бостон, град навикнат на снежни врнежи, вели дека е многу можно оваа бура да биде „историска“.

Во Нова Англија би можело да наврне повеќе од два метри снег. Метеоролозите предупредуваат и на поплави во близина на брегот. Од петокот до неделата беа откажани повеќе од 5.000 летови во САД.

Синоптичарите велат дека постои можност невремето, познато како Норвелигден, да го покрие подрачјето на Бостон со до 60 сантиметри снег. Сегашниот рекорд од 70 сантиметри за 24 часа е поставен во 2003 година.

Експертите велат дека бурата ќе помине низ бомбогенеза, што значи дека се очекува мешање на постуден воздух со потопол морски воздух, што ќе доведе до брзо опаѓање на атмосферскиот притисок. Процесот води до таканаречената циклонска бомба.

Силно невреме во саботата во раните утрински часови ги зафати крајбрежните делови, а врнежи од снег веќе се забележани во повеќе земји. Медиумите јавуваат дека луѓето пустошеле по полиците во продавниците откако пристигнале бројни предупредувања за невремето.