Американ Експерс се приклучи на растечката листа на големи финансиски институции кои ги прекинуваат врските со Русија поради нејзината инвазија врз Украина.
– Од почетокот на оваа криза се придржувавме кон американските и меѓународните санкции, што резултираше со прекин на односите со банкарските партнери во Русија и ќе продолжиме да се придржуваме до сите релевантни закони како што се развива ситуацијата, рече шефот на Американ Експрес Стивен Скуери.