четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американка доби пет години затвор за гласање за време на условна казна

Таа во 2011. година била обвинета за затајување на данок откако незаконски ги „надувувала“ наплатите на клиентите
Американка доби пет години затвор за гласање за време на условна казна

Жена во Тексас е осудена на пет години затвор поради обид да гласа на претседателските избори во 2016 година, кога извршувала условна казна,  јавува Гардијан.

Кристал Мејсон, 43, ќе поднесе жалба на казната, сооопшти нејзиниот адвокат. Пресудата беше изречена и покрај фактот што гласот на Мејсон не бил сметан.

За времето на изборите во 2016 година Мејсон беше на условна казна, откако одлежала речиси три години од петгодишната затворска казна за измама. Таа во 2011. година била обвинета за затајување на данок откако незаконски ги „надувувала“ наплатите на клиентите.

Мејсон морала да врати 4,2 милиони американски.

Таа во судот кажа дека не знаела оти луѓето што се осудени за кривични дела не можат да гласаат додека не ги завршат своите казни.

Мејсон сведочеше дека кога гласала во ноември 2016 година, таа потпишала привремена изјава за избирачко ливче во која се вели дека не била осудена за кривично дело. Обвинителите рекоа дека таа го потпишала формуларот со намера да гласа нелегално.