четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската актерка го посети Зеленски; „Светот ќе ја слушне вистината“ (ФОТО)

Американската актерка го посети Зеленски; „Светот ќе ја слушне вистината“ (ФОТО)

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше поддржан од луѓе ширум светот, а неодамна го посети и оскаровката Џесика Честејн.

Џесика го посети Зеленски во Украина, а по тој повод украинскиот претседател сподели неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.

За време на средбата, Зеленски и се заблагодари на актерката за нејзината посета и го пофали народот на Украина кога рече дека се „многу храбри и силни“.

– За нас ваквите гостувања на познати луѓе се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува кај нас, напиша тој.

Во оваа прилика актерката ќе ја посети детската болница Охматдит, како и градот Ирпин, кој претрпе големи штети уште во февруари, пренесуваат локалните медиуми.

Да потсетиме, Џесика Честејн годинава доби Оскар за главната улога во биографската драма „Очите на Тами Феј“.

Позната е по улогите во филмови каде што како тема преовладува феминизмот, а поради таквите улоги се најде меѓу 100-те највлијателни личности во 2012 година.