понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Американската ФДА ја одобри новата вакцина против КОВИД, отпорна и на Омикрон

Американската ФДА ја одобри новата вакцина против КОВИД, отпорна и на Омикрон

Американската Агенција за заштита од заразни болести ги одобри новите ажурирани бустер вакцини за КОВИД-19, отворајќи го патот за есенска кампања за вакцинација против ова заразно заболување.

Новите бустер дози се комбинирани или „бивалентни“ и се прилагодени за борба против подваријантите на Oмикрон.

Во себе содржат половина од оригиналната вакцина и половина фрагменти од денешните доминантни верзии на омикрон.

Производители се Фајзер и Бионтек и истите се одобрени за сите постари од 12 години, а верзијата на конкурентот Модерна е наменета само за возрасни.

Препораката е да се вакцинираат сите кои имаат ризично здравје, без оглед што и претходно примиле засилувачка доза. Се советува да се почека три месеци од претходната доза, а сите кои сакаат да ја примат новата вакцина да почекаат шест месеци од последната доза или од прележаниот ковид.