среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Американски фирми можат да соработуваат со Хуавеи на стандарди за 5Г

Американски фирми можат да соработуваат со Хуавеи на стандарди за 5Г

Американските компании можат да соработуваат со Хуавеи за да воспостават стандарди за технологии од следната генерација, соопшти Министерството за трговија на САД.

„Ова е важна одлука затоа што тоа значи дека американските компании ќе можат да учествуваат во формирањето стандарди, односно дефинирањето на технички детали и правила со кои се уредува работата на критичните технологии“, информира Си Ен Би Си..

Во мај 2019 година, Хуавеи беше ставен на американската таканаречена црна листа на компании, со што им се ограничува соработување на американски фирми со таа кинеска компанија и кои мораат да побараат дозвола за да ги продаваат своите производи на Хуавеи. Но, црната листа создаде забуна околу тоа дали американските фирми можат да се вклучат во разговорите за воспоставување стандарди и да учествуваат во организации, каде е присутен и Хуавеи.