сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар

Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар

Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави Би-Би-Си.

Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта.

На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор.

Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија.

Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата Frontier Myanmar, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.