четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американски воен брод навлегол во кинески територијални води

Американски воен брод навлегол во кинески територијални води

Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Парацелз.

Во соопштението се наведува дека кинеската армија го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови, со што го нарушил мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

– Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштенеито на Јужната команда на кинеската армија.