Долниот дом на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом, се уште е без претседател по неуспехот на четвртиот круг гласање.
Раздорот во редовите на републиканците засега не дозволува да биде избран фаворитот Кевин Мекарти.
Ова е првпат во последните 100 години претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да не биде непречено избран.