четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот секретар за одбрана бара сите припадници на војската да бидат вакцинирани

Американскиот секретар за одбрана бара сите припадници на војската да бидат вакцинирани
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека веднаш мора да започне вакцинација против коронавирус на сите припадници на армијата.

Според податоците на Пентагон, повеќе од 800.000 војници треба да се вакцинираат.

Остин наредил вакцинацијата да се спроведе брзо и да заврши за неколку недели, а не месеци.

– За да ја одбраниме земјата, потребни ни се здрави и подготвени сили. По консултации со медицински експерти и со поддршка на американскиот претседател Џо Бајден, заклучив дека задолжителната вакцинација е неопходна за заштита на вооружените сили и одбрана на американскиот народ, рече Остин.

Според Пентагон, вооружените сили на САД имаат повеќе од 1,3 милиони активни припадници и речиси 800.000 во Националната гарда и резерва. Меѓу нив, повеќе од милион ги примиле двете дози на вакцината, а речиси 245.000 добија една доза. Петангон соопшти дека има доволно вакцини.