четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот Сенат го одобри Роберт Вилки за министер за прашања за ветераните

Американскиот Сенат го одобри Роберт Вилки за министер за прашања за ветераните

Сенатот на американскиот Конгрес вчера го одобри Роберт Вилки од Пентагон за министер за прашања за ветераните.

Вилки ја доби довербата од републиканците и од демократите и беше одобрен со 86 гласа „за“ наспроти девет гласа „против“.

Вилки вети дека ќе се справи со недостигот на самокритичност „кој владее во Министерството“ и увери дека ќе обезбеди подобра медицинска грижа за ветераните.