сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот Сенат изгласа закон за одбрана во износ од 858 милијарди долари

Американскиот Сенат изгласа закон за одбрана во износ од 858 милијарди долари

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден.

Сенаторите вчера го поддржаа Законот за национална одбрана (НДАА) за фискалната 2023 година со огромно мнозинство на сенатори од Републиканската и Демократската партија – 83-11.

Во рамките на предвидените 858 милијарди долари буџет е и зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина.

Законот содржи и одредба побарана од многу републиканци, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 за припадниците на вооружените сили.

Претставничкиот дом минатата недела ја усвои оваа компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање.

Законот сега ќе биде испратен во Белата куќа, каде што се очекува американскиот претседател Бајден брзо да го потпише. (МИА)