четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американските војници со истрели ја смируваа толпата на аеродромот во Кабул

Американските војници со истрели ја смируваа толпата на аеродромот во Кабул

Американските сили кои го одржуваат редот на аеродромот во Кабул и го контролираат процесот на евакуација од Авганистан, денеска на неколку пати употребија огнено оружје за да го стават под контрола неконтролираното однесување на толпата.

Британските медиуми наведуваат дека претставникот на Пентагон, Џон Кирби, денеска потврди дека засега ништо не укажува дека во пукањето има загинати или повредени, како и дека американските војници не пукале ниту на Авганистанците, ниту на било кој друг.

Кирби потврди дека бројот на американски војници на аеродромот во Кабул денеска достигна 4.500, како и дека во следните 24 часа се очекува да пристигнат уште неколку стотици припадници на американските вооружени сили.

Талибанските власти одделно денеска потврдија дека нивните команданти и војници пукале во воздух за да ја растераат хаотичната толпа на аеродромот во Кабул.

-Немаме намера да повредиме никого, изјави талибански претставник за британските медиуми, потврдувајќи дека хаосот продолжува и надвор од аеродромот, обвинувајќи ги западните сили за „хаотичното спроведување на евакуацијата“ од Авганистан.