четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: 76 отсто од граѓаните во Турција подржуваат зачленување во ЕУ

Анкета: 76 отсто од граѓаните во Турција подржуваат зачленување во ЕУ

Мнозинството од граѓаните во Турција верува дека соработката со европските земји е од витално значење за безбедноста на земјата, покажува анкета објавена во весникот „Дејли Сабах“.

Фондацијата за економски развој, невладина организација штоа главно се занимава со односите меѓу Турција и ЕУ, на прес-конференција ги презентираше заклучоците и резултатите од неодамнешното истражување на тема „Перцепциите на јавноста за Европа и Европската унија во Турција“.

Истражувањето покажува дека 56,4 отсто од Турците сметаат дека „соработката со европските земји“ е позитивна за безбедноста на Турција.

Грција, Франција и Австрија се именувани како три водечки земји одговорни за негативната перцепција во Европската унија за турскиот народ. Од друга страна, повеќе од половина од учесниците ја посочија Германија како најважен партнер на Турција. Најголема доверба лкај Турците уживат Германија и Италија во ЕУ, како и Обединетото Кралство.

Дури 76 отсто од анкетираните го поддржуваат евентуалното членство на Турција во ЕУ. Визната либерализација, бегалската криза и преговарачкиот процес се сметаат за најважни теми во билатералните односи. За анкетираните ЕУ пред се значи „слобода и демократија“. Првите пет работи што им паѓаат на ум на Турците кога ќе се спомене концептот „Европа“ се слободата, еднаквоста, демократијата, високиот животен стандард и економскиот развој.

Речиси 30 отсто ја дефинираат Турција како европска земја, а 25 отсто ја опишуваат како земја од Блискиот Исток. Според 16 отсто, Турција е единствена земја која не може да се категоризира.

Според спроведеното истражување, 74 отсто од испитаниците ги сметаат културните и религиозните разлики како главни причини зошто Турците не се перципирани како Европејци во Европа. (МИА)