недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: Германците се почесто купуваат поевтини намирници

Анкета: Германците се почесто купуваат поевтини намирници

Поради зголемената инфлација и цените на енергијата, Германците се почесто купуваат поевтини намирници, покажа истражувањето на јавното мислење.

Тројца од четворица Германци велат дека и за свежа и за преработена храна купуваат поевтини производи, објави „Велт“.

„Многу потрошувачи веќе мора да размислуваат за тоа што можат да си дозволат кога прават секојдневни купувања“, рече Мајкл Ренц од EY.

Кога станува збор за облека, обувки и слични работи, 44 отсто од Германците планираат да купуваат помалку брендирана стока.