Само 0,6 проценти има предноста турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) пред најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Аској“.
За АКП се изјасниле 29,7 отсто од испитаниците, додека 29,1 проценти од испитаниците ја поддржале ЦХП – 29,1 проценти.
По двете најголеми партии во турскиот Парламент, на трето место е Добра партија (ИЈИ) со поддршка од 14,1 отсто, потоа следи прокурдската Народна демократска партија (ХДП) со 10,1 проценти и Партијата за националистичка акција (МХП), која соработува со владејачката АКП има поддршка од 7,6 отсто.
Сите други политички партии имаат рејтинг под седум 7 проценти поддршка, т.е. под изборниот праг за влез во Парламентот.
Вкупно 1.067 лица учествуваа во истражувањето, спроведено помалку од една година пред редовните парламентарни избори што треба да се одржат во јуни 2023 година. akop