Новата британска премиерка Лиз Трас веќе е понепопуларна од нејзиниот претходник Борис Џонсон и поранешниот лидер на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, според истражувањето на агенцијата „Југав“, цитирано од ДПА.
Само 14 отсто од британската јавност има добар впечаток за премиерката, наспроти 26 отсто кои истото го имаа кажано во претходната анкета од 21 до 22 септември.
Речиси три четвртини (73 проценти) имаат негативен став за Трас, а повеќе од половината (55 проценти) се изјасниле дека силно не ја одобруваат нејзината работа.
Значи, нето одобрувањето за Трус (разликата помеѓу процентот на одобрување и на неодобрување) е минус 59, и е толку низок што ниту Борис Џонсон, ниту Џереми Корбин некогаш го постигнале, бидејќи на Џонсон во јули му беше измерен рејтинг од минус 53, а на Корбин во јуни 2019 година минус 55 отсто.
Анкетата на „Југав“ беше спроведена меѓу 1.751 возрасни Британци меѓу 1 и 2 октомври.