четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија

Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија

Хакерите од Анонимус им се заканија на западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред хакерската закана.

На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади.

По руската инвазија на Украина, Анонимус ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија.

Од Анонимус најавија дека ќе објават 35.000 документи со „тајни договори“, а соопштија и дека ги хакирале мејловите на „Ростпроект“.