понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Асанж испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во затвор

Асанж испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во затвор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во лондонскиот затвор Белмарш, каде се наоѓа повеќе од четири години додека се одвива судскиот спор против обидот за негово екстрадиција во САД.

Асанж е однесен во затвор откако беше изнесен од Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се криеше за да избегне екстрадиција во САД. Стравува дека со стапнувањето на американско тло ќе добие доживотна затворска казна поради активностите на „Викиликс“.

„Во овој затвор отслужуваат казни 687 од вашите поданици, држејќи го британскиот рекорд за земја со најголем број затвореници во Западна Европа. Како што неодамна соопшти вашата благородна влада, вашето кралство моментално минува низ „најголемото проширување на затворите во земјата во повеќе од еден век“, бидејќи со вашите амбициозни проекти се очекува бројот на затвореници да се зголеми од 82.000 на 106.000 во следните четири години. Навистина ова е големо наследство, се вели во писмото на Асанж до Чарлс Трети.

За време на посетата, стои во писмото, ќе имате можност да уживате во кулинарските моменти кои се подготвуваат за вашите поданици благодарение на великодушно доделениот буџет од две британски фунти (2,52 долари) дневно.