Британско-шведската фармацевтска и биотехнолошка компанија „Астра Зенека“ планира да инвестира 407,7 милиони евра во Кина во изградба на фабрика за инхалатори, кои им се неопходни за луѓето кои имаат белодробни заболувања.
Во Кина живеат околу 100 милиони пациенти со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), која е трета водечка причина за смрт во оваа азиска земја, соопшти компанијата.
Главни фактори за појава на овие болести се пушењето и загадувањето на воздухот.