вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Авганистанските новинари бараат ОН да ја гарантираат нивната безбедност

Авганистанските новинари бараат ОН да ја гарантираат нивната безбедност

Авганистанските новинари потпишаа колективно писмо до ОН во кое повикуваат на нивна безбедност, објави телевизијата „Толо њуз“.

– Со оглед на тековните проблеми и зголемените закани по животите, имотот и семејствата на медиумските работници, би сакале да побараме поддршка од ОН за да ги спасиме нашите животи и животите на нашите семејства, го цитира писмото телевизискиот канал.

Локалната новинска агенција Пајхвок вчера соопшти дека Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) примила повеќе од 2.000 барања од авганистанските колеги за помош при евакуација од Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта во земјата.

ИФЈ веќе побара од раководството на талибанското движење да организира безбедно заминување на авганистанските новинари од аеродромот во Кабул. Не е познато дали е добиен одговор од талибанците.

Според Џереми Дир, заменик генерален секретар на ИФЈ, талибанците не дозволиле новинарите со странски виза да го напуштат Кабул, оставајќи ја федерацијата беспомошна. (МИА)