сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Авион се урна во езеро во Јужен Судан, 21 лице загина

Авион се урна во езеро во Јужен Судан, 21 лице загина

Преполн авион на компанијата „Бејби ер“ се урна во езеро во Јужен Судан, при што загинаа 21 лице, а тројца ја преживеаја несреќата, меѓу кои и едно шест годишно дете.

Портпаролот на градските власти во Јирол, Табан Абел Агуек изјави дека во авионот, кој летал кон главниот град Џуба, имало место за 19 луѓе, а истражните органи ја утврдуваат причината за уривањето на леталото.

Покрај детето, несреќата ја преживеале и еден возрасен маж и италијански лекар вработен во хуманитарна организација, кој е опериран и се наоѓа во критична состојба.

– Насекаде има тела на загинати, истакна Агуек.

Градот Јирол се наоѓа во централниот дел на оваа источноафриканска држава.

МИА