Авион за гаснење пожари се урна во планинска област во австралиската држава Нов Јужен Велс. Тројцата членови на екипажот загинаа, соопштија локалните власти.
Врската со авионот Ц-130 Херкулес, вклучен во гаснењето на шумските пожари во областа, беше изгубена непосредно по 14 часот по локално време / 03.00 часот по Гринич, наведуваат властите.