сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австралискиот премиер планира средба со Бајден по посетата на Индија

Австралискиот премиер планира средба со Бајден по посетата на Индија

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека планира да се сретне со претседателот Џо Бајден во САД по неговото патување во Индија оваа недела.

Неговата изјава доаѓа во време на шпекулации дека лидерите ќе дадат изјава за плановите на Австралија за изградба на нуклеарни подморници.

Албанезе не даде многу детали за патувањето во САД, само рече дека ќе има дополнителни најави за тоа што следува. Тој од денеска до сабота е во посета на Индија.

Дел од австралиските медиуми јавија дека британскиот премиер Риши Сунак може да им се придружи на Бајден и Албанезе во САД за да дадат заедничка изјава за договорот меѓу трите земји според кој Австралија ќе изгради флота од нуклеарни подморници со американска технологија. (МИА)