четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија го крена нивото на опасност од тероризам

Австрија го крена нивото на опасност од тероризам

Властите во Австрија денеска го покренаа нивото на предупредување за заканата од тероризам поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и терористичкиот напад во Брисел.

Австрискиот радуодифузен сервис ОРФ јавува дека министерот за внатрешни работи Герхард Карнер соопшти дека предупредувањето е покренато на второ највисоко ниво.

Карнер доддаде дека дополнителни, „специјално обучени сили“ на австриската армија ќе се користат „пред се за заштита на еврејските институции“.  (МИА)