четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија ја прифати новата руска шема за плаќање на гасот во рубљи

Австрија ја прифати новата руска шема за плаќање на гасот во рубљи

Виена засега се согласи со австриската компанија за нафта и гас ОМВ да ги плати испораките на руски гас во рубљи со отворање сметка во руска банка. Ова го соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како непријателски ќе ги префрлат своите средства за купување во странска валута на Газпромбанк, која ќе им купува рубљи на берзите и ќе им ги префрли на увозниците на посебни сметки во рубљи, од кои ќе се врши плаќањето на испораките.

Австрискиот министер за енергетика Леонере Гевеслер изјави дека без руски гас земјата не може да ги наполни своите складишта во текот на годината.

Австрија сега е 80 отсто зависна од рускиот гас. Според Гевеслер, треба да се бараат алтернативни добавувачи.