четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија размислува на лето да ги отвори границите за туристи од одредени земји

Австрија размислува на лето да ги отвори границите за туристи од одредени земји

Официјална Виена би можела да дозволи туристи од Германија и други земји во кои коронавирусот е под контрола да ја посетат Австрија во текот на летото, изјави австриската министерка за туризам Елизабет Костингер.

Германските туристи учествуваат со повеќе од 30 проценти во посетите за време на летната туристичка сезона во Австрија. Учеството на туризмот во БДП на Австрија е едно од најголемите во ЕУ.

– Слободата на патување ќе остане ограничена во наредните месеци. Меѓутоа, доколку земјите се успешни (во борбата против коронавирусот), како што е Германија, постои реална шанса за билатерални договори, рече Костингер.

Конзервативниот премиер Себастијан Курц изјави дека Австријците треба да размислат за тоа летните одмори да ги минат во својата земја за да и помогнат на економијата.

Владата до крајот на април планира да претстави план за постепено отворање на рестораните и туризмот. Од вторник, во Австрија се отворени одредени продавници, но со задолжително носење заштитна маска. Задолжително е да се носат маски и во јавниот превоз, и во такси-возилата.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс во Австрија коронавирусот е потврден кај 14.671 лица, од кои 443 лица починале.