понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија во 2021 ќе воведе билет од три евра дневно за целиот јавен превоз

Австрија во 2021 ќе воведе билет од три евра дневно за целиот јавен превоз

Владата на Австрија следната година ќе воведе годишен билет од три евра дневно за целиот јавен превоз, вклучувајќи ја и железничката, најави австриската министерка за инфраструктура, Ленор Гевеслер.

Гевеслер изјави дека е обезбедена потребна дотација од 240 милиони евра.

Австриската Влада, со коалициски договор предвидува годишен билет од едно евро на ден за користење на јавниот превоз во една покраина, за две евра во две покраини и за три евра на ден во целата држава.

Според одлуката на Владата на Австрија, годишниот билет за целата земја ќе чини точно 1.095 евра, што е големо намалување во однос на сегашната цена, затоа што само годишниот билет на австриските железници ОеББ чини за цела Австрија за втора класа скоро двојно, односно 1.944 евра.

Во исто време, Гивслер најави зголемување на ноќните возови, поради што OeББ ќе купи нови возови за 500 милиони евра.

Владата на Австрија сака ноќни возови на сите линии во земјата од 2024 година и ќе ги субвенционира со 10 милиони евра годишно.

Oвие мерки се преземаат во исто време кога се донесе одлука да се откажат летовите, кои се пократки од 350 километри, а прва „жртва“ на таа одлука е летот од Виена кон Салцбург, линија што сега ќе ја преземе железницата.