среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах

Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.

–Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана.

Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил мировниот договор со упад во зоната и напад со беспилотни летала кон позициите на армијата на Нагорно Карабах.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Азербејџан по преговорите ги повлекол своите сили од оваа област.

–Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од своите позиции се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.