петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден го ослободи првиот затвореник во Гвантанамо во неговиот мандат

Бајден го ослободи првиот затвореник во Гвантанамо во неговиот мандат

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска премести еден затвореник Мароканец од американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, што е прв ваков потег откако Бајден ја презеде функцијата.

Мароканецот Абдул Латиф Насир (56), кој бил затворен од 2002 година, бил ослободен уште во 2016 година, но и покрај тоа останал во затвор, за време на целиот мандат на Трамп.

Сега е вратен во својата земја.

Во затворот останаа уште 39 затвореници. Повеќето од нив се притворени скоро две децении, иако не биле обвинети ниту им е судено.

Затворот во Гвантанамо, наменет за странски осомничени по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, основан како симбол на американската „борба против тероризмот“, постојано беше цел на критики поради бруталните методи на испрашување, за кои критичарите велат дека се тортура.

Доналд Трамп за време на својот четиригодишен мандат го држеше затворот во функција, додека Бајден вети дека ќе го затвори објектот.