сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден оваа недела ќе најави дипломатски бојкот на Олимпијадата

Бајден оваа недела ќе најави дипломатски бојкот на Олимпијадата

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден оваа недела ќе објави дека ниту еден американски владин претставник нема да присуствува на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година, согласно дипломатскиот бојкот на Игрите.

Ова го тврдат неколку неименувани извори за Си-Ен-Ен.

Бајден во ноември изјави дека размислува за дипломатски бојкот откако демократските и републиканските пратеници, вклучително и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, повикаа на бојкот во знак на протест поради наводните прекршувања на човековите права во Кина.

Според Си-Ен-Ен, не се очекува целосен бојкот, што значи дека на американските спортисти сепак ќе им биде дозволено да се натпреваруваат.

Последен пат САД целосно ги бојкотираа Олимписките Игри во 1980 година, кога американски претседател беше Џими Картер.

Си-Ен-Ен наведува дека минатомесечниот виртуелен самит меѓу Бајден и кинескиот претседател Кси Џинпинг не донел никаков значаен напредок, но послужил како поволен повторен почеток за придвижување на односите по наглото влошување за време на последната година од администрацијата на Трамп.